Неуспешно беше лоцирањето на јавниот непријател број 1 во Белгија, Абдеслам Салах за кој француската полиција објави потерница по терористичките напади во Париз. Полициската акција за негово апсење се одвиваше во бриселскиот кварт Моленбеек. Како што известуваат белгиските медиуми, се работи за лажна тревога дека бил лоциран токму во таа населба.
Полицијата многу внимателно ја спроведе акцијата бидејќи се одвиваше во густо населен кварт и од ризикот од колатерлни жртви.
Потерницата за Салах и понааму е на сила, а тој се води како првоосомничен за масакарот во кој загинаа најмалку 129 луѓе а стотици беа повредени.
Белгиските специјални сили пред почетокот на акцијата побара од новинарите и граѓаните да не објавуваат слики од интервенцијата поради безбедноста на сите.
Акцијата започна утринава околу 10 часот во квартот Моленбеек во Брисел кој се наоѓа недалеку од квартот во кој се сместени европските институции.
Досега едно лице е упасено но неговиот идентитет не е откриен.




