Најостра осуда на терористичките напади во Париз пред неколку дена и на оние воТурција на 10 октомври, потврда на солидарноста и решеноста за борба против сите форми на тероризмот, преку прекинување на каналите за негово финансирање, преку размена на информации и замрзнување на имотите на тероистите и остри мерки за санкционирање на режимите кои финансираат тероризам.
На ова се обврзаа лидерите на 20-те економски најразвиени земји во светот, во изјавата по завршувањето на Самитот што вчера и денеска се одржуваше во турскиот град Анталија.
Во соопштението посебно се истакнува дека тероризмот „не може да се поврзе со ниту една религија, националност, цивилизација или етничка група“, и дека „ширењето на терористичките организации и значителниот глобален раст на терористичките акти дирекно ги поткопуваат темелите на меѓународниот мир и безбедност и ги загрозуваат актуелните напори за јакнење на глобалната економија и растот и развојот“.
Лидерите од Г20 се загрижени и од се поголемиот број странски терористички борци и заканата што ја претставуваатза сите држави, вклучувајќи ги оние од каде потекнуваат, низ кои транзитираат и оние што се крајна дестинација.
По Самитот, турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, светските лидери не разговарале за можноста за копнена воена операција во Сирија и дека против Исламската држава ќе бидат преземени „нови безбедносни мерки“, без притоа да прецизира за какви мерки се работи.
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, рече дека тој на колегите на Самитот им доставил информации од руското разузнавање дека теористите од Исламската држава се финансираат од околу 40 змеји меѓу кои и некои членки на Г20.




