Харвард е евакуиран поради закана од бомба, пишува на официјалната веб страна на Униврезитетот. Евакуирани се четири згради во кампусот во близина на Бостон.
Полициски екипи го испитуваат просторот, а до зградите не смее да се приближи никој. Од Универзитетот објаснуваат дека барањето ќе потрае неколку часа. Се уште нема никаков сомнеж дека заканата може да има било каква врска со терористичкиот напад во Париз, но во САД после трагедијата подигнат е степенот на заштита.
Заменичката на претседателот на Харвард, Кејти Лап им се обратила со соопштение на студентите и на вработените.
„ Денеска примивме закана за бомба која се уште не е потврдена заради што моравме да евакуираме четири згради, меѓу кои и зградата каде што се сместени студентите. Полицијата го пребарува теренот, но досега не е пронајдено ништо. Заради сигурност, а во контекс на неодамнешните трагични случувања во Париз, Бејрут и на други места, јасно ни е дека ваква закана може да предизивика страв во кампусот. Ќе објавиме нови инфомации во моментот кога тие ќе бидат достапни,“ се вели во соопштението од Универзитетот.




