Во Косово се уапсени три лица кои се осомничени дека организирале и земале учество во терористички активности, соопштија косовските власти. Станува збро за 29 годиниот Тахир Исуфи од Митровица, 21 годишниот Исамил Зенели од Вучитрн и 20 годишната Нра Зузаку од Гњилане, пренесе косовскиот весник„Експрес“.
Според портпаролот на полицијата, Даут Хоџа тие биле уапсени на границата меѓу Косово и Македонија. Тие на аердромот од Скопје тргнале кон Турција, но рурските власти ги вратиле.Откако преку Мкаедонија биле вратени назад, тие се уапсени на граничниот премин кај Генерал Јанковиќ.
Полицијата извршила и претрес на две локации поврзани со осомничените кои се враќале од Турција. Хоџа соопшти дека операцијата била спроведена откако турските власти обезбедиле информации за осомничените.




