НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешните вработени во Охис четврта недела по ред на протест пред Владата

0
By Влатко Чаловски on November 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Четврта недела по ред поранешните вработени од Охис излегоа на мирен протест пред Владата со надеж дека нивните барања ќе бидат сослушани од премиерот Никола Груевски или некои од министрите.

Исплатата на 24 плати од државниот загубар која тие ја бараат, велат може да се реши со стопирање на некои од мегаломанските проекти на Владата.

– Секој вторник сме тука и му даваме време од една недела да најде 5-10 минути за нас, гледаме преку медиумите дека насекаде е ангажиран, само за нас нема време,се пожали пред камерите на медиумите, Тина Петковска, поранешна вработена во Охис, дополнувајќи дека доколку не може премиерот, може некој од своите соработници да испрати да разговараат како луѓе за нивните проблеми.

Луѓето кои и денес се појавија пред Владата потенцираат дека во денешно време е многу тешко да се живее со една неисплатена плата а со 24 е пак незамисливо.

Присутните пред Влада најдоа забелешки во патувањата на премиерот низ Македонија, а велат тоа го гледаат од тв екраните.

– Тој се прави народен човек а од нас бега веќе подолго време… Тој наоѓа време да оди по сите села а ние овде дома му дојдовме…јас не знам од што се плаши, ние сме луѓе, вели еден од поранешните работници во Охис.

Тие порачаа дека кога може да се трошат пари за тркала и за споменици, може да се оддели мал дел за да се реши и нивниот проблем, бидејќи се работи за многу семејства погодени од долгот кој очекуваат да им биде платен.

За крај ги повикаа сите работници од сите фабрики низ Македонија, кои останале на улица да дојдат идниот вторник во 10 часот пред објектот на Владата во Скопје, со надеж дека тогаш, во поголем број, ќе бидат сослушани од премиерот.

За Охис последниве години распишани се десетици обиди за продажба, но сите без успех. Министерот за економија Беким Незири, неодамна рече дека Владата е запознаена со состојбата, но не е планирана исплата бидејќи се уште за фирмата не може да се најде купувач.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.