Published: Tuesday, November 17, 2015 12:27
Францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дријан официјално побара помош од членките на ЕУ поради оружена агресија врз земјата.
Ова е првпат една држава да побара активирање на членот 42.7, од потпишувањето на Лисабонскиот договор. Тоа подразбира дека сите членки на ЕУ се обврзуваат да „пружат помош и да помогнат на секаков расположлив начин“, во случај кога некоја земја членка е жртва на вооружена агресија на својата територија.
Таков член постои и во Договорот за НАТО, на што Франција се уште не се повикала. Членот 5 НАТО досега го активирал само еднаш, по нападите на Њујорк од 11 септември 2001.




