Лидерот на италијанскиот лев центар Пјер Луиџи Берсани беше поканет од претсадaтелот да се обиде да формира нова влада, после изборите кои немаа победник, јавува Би-Би-Си.
Демократската партија на Берсани доби контрола на долниот дом на парламентот , но не и мнозинство во Сенатот. Берсани ја исклучува коалицијата со онаа на Силвио Берлускони, која е десен центар и која беше втора на изборите. Доколку не се најде солуција, земјата може да се соочи со нови избори.