Published: Tuesday, November 17, 2015 21:25
Косовската полиција соопшти денеска дека 17 нивни припадници биле повредени, од кои двајца потешко во судирите со демонстрантите пред зградата на Парламентот во Приштина.
Според полицијата, оштетени биле и 12 возила, од кои четири нивни и осум во сопственост на цивили. Демонстрантите врз полицајците фрлаа боја и камења. Тие се противат на договорот со кој на Српските заедници на Косово им се даваат поголеми овластувања.
Оштетувања има и на зградата на Парламентот.




