Published: Wednesday, November 18, 2015 08:07
Германската полиција пронашла сомнителен пакет на централната железничка станица, но единиците за деактивирање бомби утврдиле дека се работи за лажна бомба.
Според полициски извори, во пакетот имало жици и мобилен телефон.
Закана од бомба, беше причина за одложување на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Германија и Холандија синоќа, на кој според најавите требаше да присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.
Стадионот во Хановер беше евакуиран два часа пред почетокот, а шефот на локалната полиција изјави дека информациите за закана од терористички напад била реална и добиена од странски извори.




