Тројца убиени и петмина уапсени е досегашниот биланс од големата антитерористичка акција на француската полиција утрово, во предградието на Парис, Сан Дени.
Државниот обвинител соопшти дека една жена се саморазнесла во објектот каде што полицијата се сомневала дека е скриена терористичка група, поврзана со нападите од петокот.
Целта на операцијата е апсење на мозкот на терористичките напади во Париз Абдулхамид Абуд, но нема официјални информации дали тој е меѓу уапсените или загинатите.
Тројца од уапсените биле во станот, во непосредна близина на Стадионот каде што се случи еден од терористичките напади, додека другите двајца биле уапсени на улица, соопшти полицијата. Во акцијата се повредени тројца полицајци.
Северното париско предградие е под полициска опсада уште од 4.30 часот, а околу 9 часот, полицијата соопшти дека акцијата е завршена.




