Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макстил испушта околу 8 000 тони прашинa

0
By Нова ТВ on March 22, 2013 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 22, 2013 20:12


Вака изгледаат утрата во Железара кога работи Макстил, еден од најголемите загадувачи во Скопје. Очите печат, чуден мирис на метал се шири воздухот и црвен прав паѓа на земјата, вели Мери Терзиева чиј стан се наоѓа веднаш до фабричкиот оџак. Мајката на две деца е загрижена за нивното здравје.

Но од Макстил велат дека загадувањето е само визуелно. Редовните мерења на емисиите во воздухот покажуваат дека иако нивото на штетните материи е над европските стандарди, сепак е дозволено со македонските закони.

Дел од анализите се прават во нашите лаборатории, но за диоксините и фураните кои имаат канцерогено дејство, а поради кои во западноевропските држави се затвораат фабрики, државата го задолжува Макстил сам да ги плати и направи мерењата.

Сепак, неодамнешниот директор на Управата за животна средина и експерт за инустриско загадување Филип Иванов се сомнева во тоа ваквите резултати. Објаснува дека резултите зависат од земените мостри за испитување, кoи се менуваат зависно од составот на старото железо кое се топи во фабриката.

Со просечно производство од 300-400 илјади тони челик годишно, Макстил испушта околу 8 000 тони прашина, која кога станува збор ваков тип на индустриски капацитети, вообичаено содржи тешки метали, силикати и канцерогени материи, објаснува Иванов. Тој додава дека ваквите загадувачи не смеат за работат во земјите од Европската унија.

Но од Макстил се децидни, со оглед на кризата во која се наоѓа металалургијата, тие сега немаат пари за поставување филтри, односно за кровната капа која ќе ги собира и филтрира гасовите кои засега слободно се пуштаат во атмосферата. Затоа и побараа одложување на роковите за воведување на еколошките стандарди до 2019-та, наместо до април идната година, како што беше претходно договорено со институциите.

Ваквата уцена ја очекуваа властите, па со цел преку металургијата да се спасат извозот и вработеноста, уште лани најавија пакет мерки за помош на компаниите, поволни кредити за продолжување на производството и одложување на роковите за примената на еколошките дозволи.

Оттука, поради фактот што Макстил е еден од најголемите извозници во земјава, станува сосема извесно дека ќе воведувањето на еколошките стандарди за работа ке биде пролонгирано до 2019-та. На ова реагираа невладините организации, кои беа и учесници во единствената јавна расправа која се одржа во Гази Баба за решавање на проблемот со загадувањето во Железара.

Во очекување на нови нарачки, Макстил не работеше последниве 3 месеци. Сега се спремаат печките и кон 1-ви април повторно ќе почне да се топи железото. Шемата е позната, поголем дел од вработените во компанијата живеат во близина на фабриката.

Тие молчат за загадувањето исплашени за сопствената егзистенција, вели Мери. Останатите се гласни во своите барања и предупредуваат дека, иако се жители во населбата Железара се најзасегнати, цело Скопје го дише истиот воздух.

АВТОР: Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.