Published: Wednesday, November 18, 2015 19:22
Човекот кој беше обвинет дека е “мозокот“ позади терористичките напади во Париз, Абделхамид Абуд, е убиен во стан во денешната полициска акција во францускиот главен град.
Во преградието Сент-Денис денеска се одвиваше акција во која неколкумина беа убиени а неколкумина други беа уапсени.
Според Вашингтон Пост, двајца претставници на разузнавачките служби ја потврдиле информацијата дека Абуд бил убиен за време на престрелките со полицијата.
Се уште се утврдува дали помеѓу загинатите е и бараниот со потерница, Салах Абдеслам.
Абуд е роден во Белгија и пораснал во предградието Моленбеек, кое беше во фокусот на полициските рации веднаш по нападите.




