Исламската држава упати нова закана со терористички напади, а овојпат потенцијална мета е Њујорк.
Заканата е преку шестминутна видео – снимка, на која е прикажан бомбаш- самоубиец како се подготвува за напад, а во некои кадри се појавуваат најатрактивните делови на Њујорк, меѓу кои и Тајмс сквер.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и шефот на њујоршката полиција Вилијам Братон вчеравечер одржаа прес конференција на Тајмс сквер, на која им порачаа на жителите и на туристите дека нема причини за загриженост.
Во меѓувреме САД понудија награда од пет милиони долари за информација што би довела до лоцирање или идентификување на лидерот на Исламската држава Абу Мухамед ал Шимали.
Според Стејт Департментот ал Шимали им овозможувал патување на потенцијалните борци на ИС од АВстралија, Европа и Блискиот исток, до Турција и Сирија.



