Енес Омерагиќ кој синоќа во Сараево убил двајца војници и ранил неколку други лица, се самоубил во својата куќа која била опколена од полицијата.
Претходно Омерагиќ во една обложувалница убил двајца припадници на Оружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жена која работела во обложувалницата.
Потоа тој стрелал во градски автобус при што го ранил шоферот, како и двајца патници.
Според медиумите од регионот, Омерагиќ важи за селафист, односно припадник на ултра конзервативната исламистичка идеологија која повикува на џихад во светот.
„Доколку се потврди дека станува збор за тероризам, а постои таква можност, тогаш е во прашање безбедноста на граѓаните и мораме да дејствуваме брзо и ефикасно “, изјави министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ.




