Американецот Дејвид Ранта (58), по 22 години во затвор поради наводно убиство на њујоршки рабин денеска е пуштен на слобода откако новата истрага на обвинителството покажала дека нема конкретни докази дека тој е одговорен за убиството, јави BBC.
„Од почеток кажувам дека немам врска со овој случај. Никогаш не сум наместил никого. Треба да бидете ѓавол за да направите такво нешто. Јас мирно спијам“, изјави Ранта по излегувањето од судот во Бруклин.
Тој во 1991 година бил обвинет за убиство на локален рабин и бил осуден вкупно 37 години затвор.