Published: Thursday, November 19, 2015 15:15
Долниот дом на Францускиот Парламент одобри продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци, како и можност на Владата за тоа време, да го ограничи користењето на Интернет и комуникациите преку социјалните мрежи, да блокира веб страници што промовираат тероризам.
Веднаш по терористичките напади во петокот, францускиот претседател Франсоа Оланд лично најави дека се можни ограничувања на човековите и граѓански слободи, во интерес на безбендоста на земјата.
За оваа одлука во петок ќе е изјаснува и Сенатот.




