Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа закон со кој се суспендира приемот на бегалци од Сирија и Ирак со додавање нови услови на ионака комплицираната процедура, и поголем притисок врз разузнавањето и безбедносните служби да бидат уште повнимателни.
За законот гласаа и 47 демократи, сопартијци на претседателот Обама, игнорирајќи го неговото предупредување дека ќе стави вето на законот. Тие тврдат дека законот не толку лош како што го претставува Белата куќа.
Спикерот на Долниот дом Пол Рајан по гласањето изјави дека „ ова е безбедносен, а не религиозен тест, дека ги одразува американските вредности и одговорност и е од итно значање“.
Денешното гласање е прво од неколкуте најавени гласања за делови од закони поврзани со минатонеделните терористички напади во Париз. Долниот дом првично одлучи да интервенира во програмата за прифаќање бегалци, со образложение дека терористите попрво би можеле да се обидат да влезат на територија на САД преку оваа процедура, одошто да користат други методи.




