Published: Friday, November 20, 2015 09:58
Исламската држава објави нова видео снимка на која се заканува со бомбашки напади на Белата куќа.
Од Стејт Департментот соопштија дека заканата се сфаќа сериозно, и дека во тек е проверка на веродостојноста на шестминутното видео, на кое џихадистите на ИД од Ирак, ги величаат минатонеделните напади во Париз.
Директорот на Еф Би ај Џејмс Кирби изјави дека засега нема информации за реална закана во САД со слични напади како во Франција.
Во меѓувреме, државниот секретар Џон Кери изјави дека САД се способни да ја неутрализираат ИД многу побрзо одошто Ал Каида.
Вчера, иста ваква видео порака со закана беше објавена за Њујорк.




