Published: Friday, November 20, 2015 10:00
Институтот за економија и мир на Универзитетот во Мериленд ја прогласи милитантната организација Боко Харам за најсмртоносна во светот.
Овој податок е наведен во Светскиот индекс за тероризмот во 2015 што го подготвува овој Институт, врз основа на анализи и извештаи. Според нив, само Исламската држава и Боко Харам изминатава година се одговорни за дури 51 терористички напад во светот.
Инаку, Боко Харам која се заколна на лојалност на ИД, води на листата на најсмртоносни тгерористички групи во светот со убиени 6.644 луѓе, во споредба со 6.073-те жртви на ИД.




