Граѓаните на Нов Зеланд од денеска гласаат дали сакаат да го заменат постоечкото национално знаме.
Инаку ова е првата од двете фази на гласање, што треба да заврши во декември, при што граѓаните се изјаснуваат за еден од петте предлози, по што најпопуларното знаме од овој избор, во март следната година ќе биде ставено на гласање со постоечкото знаме.
Тогаш ќе се избира, дали новото ќе го замени старото новозеландско знаме кое е прифатено во 1869 година, но во официјална употреба е од 1902 година, и кое во аголот го има британското знаме на темно сина основа и 4 ѕвезди кои го симболизираат Јужниот крст, констелација на ѕвезди видливи само од Јужната полутопка.
Премиерот Џон Кеј изјави дека моменталното знаме не го претставува модерен Нов Зеланд, како и тоа дека е премногу слично со австралиското, иако призна дека според испитувањет на јавното мислење, граѓаните би го задржале старото знаме.




