Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумски организации: Казните за медиумите од Изборниот законик се скандалозни

0
By Нова ТВ on November 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 20, 2015 13:10


Доколку посредникот Питер Ванхауте не ги вклучи во преговорите и претставниците на новинарските здруженија и медиумски организации, тие ќе протестираат пред Клубот на пратениците, изјави денеска претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Според него, најновите измени на Изборниот законик во делот на медиумите се донесени во нетранспарентна постапка, а двојното золемување на казните дополнително ќе го зголеми притисокот врз медиумите.

-Го повикуваме медијаторот Питер Ванхауте веднаш да ги вклучи претставниците не новинарите и медиумите во разговорите. Ако не се преиспитаат казните и ако не бидеме вклучени во разговорите, ќе организираме протести пред Клубот на пратениците, исто така ќе ги повикаме медиумите да ги бојкотираат евентуалните решенија кои ќе произлезат од разговорите и партиите сами нека организираат фер избори без медиумите, истакна Селмани.

Особен револт медиумските организации изразуваат за законското регулирање на интернет порталите, бидејќи со истата законска регулатива, казните до 8 000 евра за интернет портал или печатен медиум, може да значат и затворање на медиумот.

-Револтирани сме затоа што интернет порталите на мала врата ги пикнаа во Законот и ги третираат како медиуми. Се прашуваме дали следното е да ги стават и во Законот за медиуми и да ги дефинираат и на тој начин да им се отвори можност за натамошно ограничување на слободата на изразување. Интернет порталите барем во Европа, никаде не се регулирани со посебни медиумски закони, тие веќе се регулирани со Законот за кривична постапка и со граѓанскиот закон за навреда и клевета, за нив важи и Законот за работни односи, за авторски права и законот за невладини ако издавач на порталот е невладина организација, затоа нема никаква потреба да бидат регулирани со посебни медиумски закони, рече Теофил Блажевски – член на извршниот одбор на Синдикатот на новинарите.

Медиумските организации истакнаа дека ова е предупредувачка прес-конференција и дека нема да се дозволи политичките партии зад затворени врати да ја кројат судбината на медиумите.

Илија Димовски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ во работните групи порача дека став на партијата е скалесто одредување на глоби, во зависност од големината на медиумот И бројот на вработените.

-Нашиот став е во линија на тоа што организациите го соопштуваат, а тоа е во согласност со Законот за прекршоци, намалување на глобите, со тоа што оние кои имаат поголеми приходи ќе имаат поголем процент на глоба, а она помалите ќе имаат помала. Што значи намалување на глобите со Законот за прекршоци. Нашиот концепт кој го промовираме е поддршка на саморегулацијата, истакна Илија Димовски.

Сепак тој не одговори на новинарското прашање дали неговата партија е за тоа новинарите да се дел од преговорите.

Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, состојбата во медиумите е резултат на десетгодишното владеење на Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Состојбата на медиумите е резултат на 10. годишното владеење на Груевски и ДПМНЕ. Слушнав дека денеска почнале да лееле крокодилски солзи за состојбата за медиумите, што е нон-сенс. СДСМ е единствената политичка партија која ги покани најрепрезентативните претставници на медиумите, оттука ниту гледаме ниту сметаме дека придонесуваме за ваквата состојба во медиумите, вели Шилегов.

Пред Клубот на пратениците денеска на присутните новинари им се обрати и посредувачот Питер Ванхауте кој рече дека се надева оти до петок ќе се заокружи темата околу Законот за медиумите.

–Треба да се изнајдат долгорочни решенија во Македонската радио телевизија и во Македонската информативна агенција. Промената на луѓето нема да промени ништо во медиумската сфера. Исто така комерцијалните медиуми не смееме да ги ограничиме со забрана за реклами затоа што тоа е така во целиот свет. Сепак очекуваме идната недела, да ги разгледаме сите понудени решенија и се надевам дека ќе изнајдеме конечно решение за да ја заокружеме оваа тема. Битката е далеку од завршена, меѓутоа сите партии ја примија пораката, изјави Ванхауте.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.