Пред заминување во Јордан, американскиот претседател Барак Обама направи дипломатски успех кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и се извини на Турција за инцидентот во 2010 година кога израелските сили убија деветмина турски активисти кои со брод носеа хуманитарна помош за палестинците во Појасот Газа, јавува Си-Ен-Ен.
Извинувањето, долго очекувано и барано од турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган ги одмразна досегашните затегнати односи на Турција и Израел, двата витални сојузници на Средниот Исток.
Тоа извинување дојде за време на финалната средба на Обама и Нетанјаху на аеродромот во Тел Авив, кога Нетанјаху му се јави по телефон на Ердоган, за што клучна улога одиграл американскиот претседател.