Европската унија воведува веднаш засилени контроли на надворешните граници на Унијата вклучително и кон жителите на земјите членки, одлучи ЕУ на вонреден состанок одржан денес во Брисел, јавува агенцијата АФП.
Членките на ЕУ побараа преглед на правилата на Шенген за да можат систематски контролираат и европските граѓани. Досега ваква контрола можеше да се прави врз жителите на трети земји.
Министрите за внатрешни работи и правда се на состанок во Брисел во обид да ги решат сите безбедносни недостатоци кои беа констатирани за време на париските атентати и бегствата на осомничените.
“Ние сакаме Европа денес да донесе одлуки кои сами по себе се наметнуваат откако загубивме многу време околу редица прашања кои се итни”, изјави францускиот министер Бернард Казнеув пред да влезе на состанокот во Брисел.




