Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хорор во Мали: Заложниците ослободени, 21 загинат, напаѓачите се кријат

0
By Нова ТВ on November 20, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 20, 2015 19:41

По десетчасовна драма во хотелот Радисон блу во главниот град на Мали, Батако, заврши заложничката криза, во која најмалку тројца вооружени напаѓачи држеа 170 заложници. Сепак, странските агенции јавуваат дека група вооружени се уште е во хотелот.

Претставници на ОН соопштија дека мировните сили на светската организација пронашле 27 тела во хотелот, а пребарувањето се уште трае. Според досегашните информации, убиени се најмалку тројца од напаѓачите, но се уште не се знае колкумина биле. Приврзаниците на група Ел Мурабитун, поврзани со АЛ Каида, преку Твитер ја презедоа одговорноста за денешниот напад на хотелот.

Француското министерство за одбрана соопшти дека на спасувачката операција се приклучиле и 50 припадници на француските специјални сили, додека Пентаготн објави дека за окончување на кризата во Мали испратени се и 22 припадници на американските одбранбени сили.

Операцијата на ослободување на заложниците траеше повеќе часови, при што се чистел кат по кат, при што заложниците биле ослободувани еден по еден, додека околу хотелот биле распоредени голем број припадници на безбедносните сили на Мали.

Заложничката драма започнала рано утрото во 7 часот, кога во хотелот имало 124 гости, главно странци и персоналот. Напаѓачите влегле во хотелот, извикувајќи „Алаху екбер“.

Раша Тудеј објави изјави на очевидци кои тврдат дека напаѓачите во хотелот дошле во возило со дипломатски таблици, при што ја пробиле рампата пред хотелот. Тие во нападот користеле автоматско оружје и рачни бомби. Првите информации за пукотниците се појавија на социјалните мрежи.

Светските медиуми објавија дека во хотелот биле сместени дипломати кои бле таму на мировни преговори, како и екипажи на неколку авиокомпании, меѓу ки Туркиш Ерлајнс и Ер Франс, кои успеале да побегнат.

Слична ваква заложничка драма во Мали се случи и во август годинава во градот Севаре, при што 13 –мина беа убиени, од кои петмина вработени во ОН.

Северниот дел на Мали, по воениот пуч во главниот град, во 2012 година девет месеци беше под контрола на сепаратистите, а потоа и на исламските екстремисти поврзани со терористичката мрежа Ал Каида.

Воената интервенција предводена од Франција, на почетокто на 2013 година успеа да ги истисне екстремистите, но некои делови, главно на северот и натаму не се под контрола на власта и на странските трупи.

Токму северот на Мали е седиште на цихадистичката група Ал Мурабитун која ја презеде одговорноста за нападот. Ја предводи поранешен припадник на Ал Каида Мухтар Белмухтар, и во неа најголем број од членовите се Арапи и Туарези, а основа е пред две години. Оваа радикална група и претходно преземаше одговорност за вакви напади, како оној од март минатата година во ресторан во Бамак, за самоубиствениот напад на мировната мисија на ОН на северот на Мали во април, како и за нападот врз хотел во северниот дел во август годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.