Еден час по полноќ Кризниот центар на Министерството за внатрешни работи прогласи највисок степен на опасност од терористички напад во Брисел.
“Постои сериозна и непосредна закана која налага да се превземат сериозни мерки за безбедност како и да се издадат специфични упатства до населението” се вели во изјавата на МВР.
Во соопштението на населението му се препорачува да избегнува места каде се собираат поголеми групи како концерти, спортски настани, аеродроми и железнички станици како и шопинг центри. Бриселското метро е затворено и би можело да остане затворено и утре доколку опасноста остане на истото највисоко ниво 4.
Ако населението постапува целосно по препораките Брисел денеска ќе се изгаси ” вели Пол Куркшанк експерт за тероризам.
“Тоа значи дека властите имаат некоја специфична и кредибилна разузнавачка информација која наведува дека во тек е подготовка на терористички напад но исто така ова значи дека безбедносните служби не знаат каде се терористите и од каде доаѓаат” вели Куркшанк за СИ ЕН ЕН.
Еден од осомничените за терористичките напади во Париз кој се наоѓа во бегство е 26 годишниот Салах Абдеслам кој е од Брисел. Во повеќе наврати беа објавени информации дека постојат сознанија дека тој се крие во градот но информациите не се потврдија.
Белгија е држава од каде се заминати најмногу нејзини граѓани да се борат во редовите на терористичката организација ИСИС.




