Според белгиските медиуми полицијата синоќа пронашла складиште со хемиско оружје и експлозиви во бриселскиот кварт Моленбек кој деновиве “се прослави” како гнездо на џихадистите во Европа.
Белгискиот премиер Шарл Мишел на прес конференција не ја спомна оваа информација. Тој изјави денес дека ноќеска е донесена одлука нивото на опасност да се зголеми до максимум (4 од можни 4 степени) поради информациите дека постои можност за атентат сличен на оној во Париз.
Премиерот одржа прес конференција по состанокот на државниот Совет за безбедност на која побара од граѓаните да бидат претпазливи но да не прават паника и да не шират шпекулации.
Информациите на безбедносните служби велат дека опасноста е најголема во шопинзите, транспорот вклучително и бриселскиот аеродром и настаните како концерти каде што се собираат многу луѓе.
“Станува збор за закана од атентат на повеќе места кои требало да извршени од повеќе лица”, рече премиерот.




