Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски за НОВА: Спасов нема право да ги спори советниците на министерот

0
By Менче Атанасова Точи on November 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 22, 2015 15:23


Согласно Законот за Влада кој што произлезе од договорот во Пржино и Законот за административни службеници сите министри и дополнителни заменици имаат право да ангажираат по тројца кабинетски советници од редот на Министерството и по тројца советници кои што ќе бидат ангажирани од министерот во форма која што е уредена со закон.

Мила Царовска е еден од тројцата кабинетски советници, постапката за нагажирање на уште двајца е во тек. Сакам да истакнам дека и Диме Спасов и министрите и замениците и од редот на опозицијата и од власта ги имаат истите права во ангажман на такви лица.

„Тоа што Диме Спасов не одлучува да ангажира кабинетски советници, тоа е прашање на кое тој треба да одговори, но тоа не значи дека тој има право да го спори ангажманот на кабинетските советници на министерот кое е дадено со закон. Ангажманот на Мила Царовска не е никакво противзаконско ангажирање, туку нешто што е дадено со закон“ вели во интервју за НОВА, министерката за труд и социјала Фросина Ременски.

Таа нагласи дека сака да ги демантира, како што рече, сите шпекулации на провладините медиуми дека невработено лице ги прегледува лични податоци на граѓаните, дека одговара на нивните прашања.
“Сето тоа е невистина бидејќи ангажирано лице кое одговара на прашања и поплаки на граѓани е Наташа Методиева вработена во Министерството која работи долги години таму и извршувала исти задачи додека Диме Спасов бил министер. Но, морам да нагласам дека се одговарало на прашања за упатување до одредени сектори или некои нивни дилеми и прашања. Она, што и укажав на Инспекцијата која беше во мојот кабинет, по анонимна претставка е дека од почетокот на годината досега во фиока биле затворени 1400 жалби од граѓани на кои им била укината социјалната помош “, рече во интервјуто Ременски, кое ќе го гледате денеска попладне во емисијата ПРОЦЕС.

Ременски одговара на многу други прашања, како ќе се справи со опструкциите, дали како министер од опозицијата е прифатена во Владата, зошто нема обезбедување кое и следува со Закон.

Дали сиромашните граѓани може да се надеваат на редовна социјална помош, ќе се ревидира ли работењето на Агенцијата за вработување која секојдневно отпишува граѓани од листата на невработени поради методологијата на задоцнување од еден ден. ПРОЦЕС е денеска во 16 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.