САД наскоро испраќаат припадници на специјалните сили во Сирија, соопшти Белата ќука.
Според специјалниот пратеник на американскиот претседател во меѓународната коалиција Брет Мекграт, се работи за десетина специјалци, кои администрацијата на Обама вети дека ќе ги испрати и кои во Сирија ќе стассаат многу брзо.
Според Мекграт, нивна задача ќе биде да ги организираат локалните сили кои се борат против Исламската држава во северниот дел на Сирија.
Според одлуката на Обама од минатиот месец, специјалците, чиј број нема да надмине 50, ќе бидат распоредени во Сирија, но не да учествуваат во борбите, туку во улога на советници и координатори.
Ова е прво официјално распоредување на американски сили на терен во Сирија, од формирањето на меѓународната коалиција против Исламската држава.




