Published: Tuesday, November 24, 2015 08:51
Московскиот суд донесе одлука за затворање на локалната Саентолошка црква во руската престолнина, на барање на Министерството за правда, бидејќи не била во согласност со федералниот закон за слобода на вероисповед.
Во образложението се наведува дека Црквата била регистрирана како американски трговски бренд и како таква, според руските закони, не можело да се смета за црква.
Црквата, што во Москва е регистрирана од 1994 година, доби рок од шест месеци во кој треба да престане со работа.




