Двајцата новинари кои објавија книги базирани на тајните документи од Ватикан денеска ќе бидат сослушани пред судот во Ватикан.
Случајот се води против поранешни инсајдери од Ватикан, меѓу кои и еден високо рангиран монсињор од Шпанија, за нивните сензационалистички обвинувања
објавени во книгите на Емилијано Фитипалди и Џанлуиџи Нуци.
Тие се обвинети дека на двајцата новинари им дале доверливи документи кои тие пак ги искористиле „да напишат компромитички текстови за наводна корупција и злоупотреба на десетици милиони евра од ватиканските фондови’..
Но изминатиот викенд случајот доби пресвртница, откако Ватикан и официјално објави дека не само што ќе продолжи со процесот против своите инсајдери, туку покренува обвиненија и против двајцата новинари, кои ги објавиле документите од Ватиканликс во своите книги.
Тоа предизвика остри реакции доведувајќи го во прашање ставот на црквата во однос на слободата на печатот.
Вчера, ОБСЕ, чија членка е Ватикан, го повика да ги отфрли обвиненијата против новинарите.
– Новинарите мора да бидат слободни да известуваат за прашања од јавен интерес и да ги заштитат своите доверливи извори, изјави претставникот за слобода на медиумите на организацијата Дуња Мијатовиќ.
Доколку бидат прогласени за виновни, двајцата новинари се соочуваат со казна затвор од 8 години, врз основа на законот што го воведе Папата Франциск во 2013 година, според кој крадењето доверливи документи е кривично дело.




