Published: Tuesday, November 24, 2015 13:58
НАТО повика на вонредна средба на амбасадорите на земјите членки по барање на Турција, која ќе се одржи денеска попладне во Брисел.
Целта на средбата е Турција да ја информира Алијансата за соборувањето на рускиот авион.
Како што известија турските власти, тие го собориле рускиот авион во близина на сириската граница откако испратиле најмалку 10 пати предупредувања дека е нарушен воздушниот простор на земјата.
>> Еден од руските пилоти на соборениот авион, во рацете на сиријските бунтовници
Според руските претставници пак, авионот бил во воздушниот простор на Сирија кога бил срушен.




