Published: Tuesday, November 24, 2015 17:34
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа својата посета во Истанбул, која требаше да се одржи утре, по денешниот инцидент во кој Турција собори руски авион Су-24.
– Донесовме одлука да ја откажеме средбата меѓу рускиот и турскиот министер за надворешни работи, која беше планирана да се одржи утре во Истанбул, информираше Лавров.
Лавров во име на министерството со кое раководи им препорача на Русите да не патуваат во Турција.
– Треба да се нагласи дека заканите од тероризмот што има корени во Турција се влошени. А тоа е точно дури и ако не се земе предвид она што се случи денес, напомена тој.
Денеска и руската државна туристичка агенција Ростуризам препорача да се прекине продажбата на туристички пакети во Турција.




