Русија поставува ракетна крстарица во Медитеранското море, со цел поголема воздушна безбедност за нејзините сили, по вчерашното соборување на рускиот воен авион од страна на Турција.
Воениот брод „Москва“ е еден од најголемите пловни објекти кој ќе биде поставен близу Латакиа на сиријскиот брег.
Сергеј Рудској, висок претставник на рускиот Генералштаб предупреди дека во било каква ситуација на политичка загрозеност на Русија, „Москва“ ќе биде задолжена да уништува туѓи објекти.
Поставувањето на оваа ракетна крстарица близу Латакиа, доаѓа по предупредувањата на рускиот претседател Владими Путин, дека ќе следат сериозни последици откако беше соборен нивниот воен авион.
Односите меѓу Турција и Русија допрва се очекува да се види како ќе се одвиваат бидејќи за прв пат после Студената војна, членка на НАТО собори авион на Русија.
По барање на Турција, вчера се одвиваше вонреден состанок на НАТО, кој ја поддржи Анкара во своите тврдења дека рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор.
Русија ги отфрли таквите тврдења и рече дека воениот авион Су-24 летал над Сирија, 4 километри од границата со Турција кога бил соборен.




