Некои турски политичари имаат „директен финансиски интерес“ од трговијата со нафта со терористите од Исламската држава, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, додавајќи дека Москва ги преиспирува руско- турските економски односи и разгледува можност за соодветен одговор, по уривањето на рускиот воен авион.
– Однесувањето на Турција е де факто поддршка на ИД. Ова не е изненадување, имајќи ги предвид информациите за директен финансиски интерес на некои турски политичари поврзани со снабдување со нафта од комплекси под контрола на ИД“, рече Медведев.
Според рускиот премиер неодговорните и криминална постапки на турските власти довеле до опасна ескалација на односите меѓу Русија и НАТО, кои не можат да се оправдаат со ниту еден интерес, вклучувајќи ја и заштитата на државната граница.
Тој најави дека Русија разгледува можност за откажување на неколку важни проекти со Турција, како што е проектот со гасоводот за рускиот гас до Европа, каде главниот транзит е преку Турција, како и забрана за пристап на турски компании на рускиот пазар.




