Терористичката група Исламска држава денес соопшти дека таа стои зад атентатот во Тунис вчера.
Атентаторот е туниски државјанин го носи името Абу Абдалах ал-Туниси. Тој имал појас со екплозив со кој влегов во автобусот, објаснува соопштението на терористичката група.
Најмалку 12 лица беа убиени во вторник во атентат врз автобус на безбедносните служби на тунискиот претседател во центарот на главниот град Тунис.
Експлозијата се случи кон крајот на попладне на една од главните сообраќајници на Тунис а портпаролот на претседателството изјави за медиумите дека станува збор за атентат.
Според информациите што доаѓаат од Тунис, експлозијата се случила внатре во автобусот кој е сосема изгорен.
“Најголемиот број агенти кои биле во автобусот се мртви”, изјави член на полицијата на местото на несреќата а се уште не се знае колку луѓе имало во возилото.
Тунискиот претседател воведе вонредна состојба во Тунис и полициски час во центарот на градот за период од 30 дена.
Во Тунис се случија повеќе терористички напади во текот на оваа година од кои еден во музејот Бардо во Тунис и еден во хотел во Сус на крајот на јуни. Во двата атентати загинаа 60 лица.




