Москва вечерва ја обвини Турција дека соборувањето на рускиот воен авион е “планирана провокација”.
“Сериозно се соменавме дека станува збор за спонтан акт бидејќи сето ова личи на планирана провокација”, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес конференција.
Но тој додаде дека Москва нема да води војна со Анкара и дека руските односи со турскиот народ и натаму остануваат одлични.
Во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уверуваше дека неговата земја “немала никаква намера да предизвика ескалација”. Неговиот премиер Ахмет Давутоглу подвлече дека Анкара е “пријател и сосед” на Русија.
Руски воен авион беше урнат вчера на сиријската страна на границата помеѓу Турција и Сирија. Според портпаролот на руското министерство за надворешни работи, авионот не го прекршил воздушниот простор на Турција, како што информираа некои од медиумите во светот.




