Европа би требало да одреди квота на бегалци кои ќе ги прими годишно и кога таа ќе биде исполнета, нема повеќе да дозволува влез во текот на таа година, предлага германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
Во интервју за австрискиот весник „Стандард“, тој не прецизира колкава би била таа квота, туку вели дека тоа би бил „великодушен број на бегалци“.
Според него освен квотата, европските земји треба да одредат и кои од бегалците ќе имаат најголемо право на зашита, истакнувајќи дека спорд него тоа се оние од Сирија и Ирак, кои треба да бидат издвоени од останатите.
– Многу од земјите кои се противат на прифаќање на бегалци, најголем проблем им е што не можат д абидат сигурни кои се луѓето на ои им е потребна најголема помош и стравуваат што нема горна граница на број што би го примиле. Но доколку тој број го ограничиме и да ги одвоиме оние на кои навистина им треба помош, мислам дека веќе нема да имаме проблем, вели Де Мезиер.




