Германската полиција упаси 34- годишен маж осомничен за нелегална набавка и продажба на оружје.
Како што сооппшти тамошното Обвинителство постојат сомневања дека тој го продавал оружјето што било користено во терористичките напади во Париз, најверојатно преку интернет.
Весникот Билд пак, повикувајќи се на документи од Обвинителството во Штутгарт, пишува дека оружјето од типот калашњиков, две парчиња „застава“ М70, со потекло од бивша Југославија и двата АК 47 направени во Кина, купени се на 7 ноември преку интернет од германски продавач од баден- Виртемберг, во југозападна Германија.
Во електронската пошта на уапсениот пронајден е документ за продажба на „четири парчиња калашњиков на еден Арап во Париз“.
Претходно, германската полиција во Берлин синоќа уапси двајца исламисти кои наводно подготвувале сериозна опасна акција за државата. Денеска се пуштени на слобода.




