Published: Friday, November 27, 2015 13:38
Западните сили не се подготвени да направат коалиција со Русија за борба против џихадистите од Исламската држава, сооппшти денеска Кремњ, по разговорите на рускиот претседател Владимир Путин со францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Во овој момент, за жал, нашите партнери не се подготвени да работат во формат на единствена коалиција, изјави портпаролот Димитриј Песков, додавајќи дека Русија останува отворена за соработка, во кој било формат на кој ќе се согласат партнерите.




