Вооружени напаѓачи утрово ја гранатирале мировната база на ОН во Кидал, на северот на Мали, при што најмалку тројца мировници се убиени, а четворица се ранети, соопшти портпаролот на силите на ОН во оваа земја.
Нападот се случил во 4 часот наутро кога врз базата паднале 4-5 гранати.
Нападот се случува кусо време по терористичкиот напад на исламските милитанти на хотел во Бамак, при што загинаа 20 луѓе.
Ал Каеда во исламски Магреб, џихадистичката група Ал мурабитун и Ослободителниот фронт на Масина ја презедоа одгвоорноста за овој напад.
Инаку, северот на Мали уште од 2012 година се наоѓа под окупација на исламските милитанти, некои поврзани со Ал Каида.
Водечката милитантна група во регионот е Боко Харам која годинава своите напади ги прошири на Нигерија, Нигер, Чад и Камерун.



