Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека жали поради соборувањето на рускиот авион, истакнувајќи дека Турција би сакала тоа никогаш да не се случело.
Ова тој го изјави пред своите поддржувачи, при што пред да изрази жалење за инцидентот, упати критики на сметка на Русија во врска со нејзините акции во Сирија.
– Би сакале ова никогаш да не се случеше, но се случи. Се надевам дека вакво нешти веќе нема да се повтори, рекол Ердоган.
Притоа тој истакнал дека обете страни сега би требало на овој проблем да му пријдат позитивно, напоменувајќи дека состанокот во Париз би можел да биде прилика за надминување на напнатоста.
Тој уште еднаш побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Конференцијата за климатски промени во понеделник во Париз.




