Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет за воведување гкономски санкции против Турција, како одговор на соборувањето на рускиот воен авион.
Санкциите подразбираат забрана за ангажирање турски персонал во некои руски компании, како и забрана за увоз на одредена стока, без да биде прецизира која, соопшти Кремљ. Исто така на одредени турски компании ќе им биде забрането да соработуваат со Русија.
Од некои руски туристички агенции се бара да не продаваат аранжмани за Турција. Забраните се однесуваат и на чартер компании меѓу двете земји, а ќе бидат воведени и визи рестрикции.
Мерките се воведуваат, како што се наведува, за да се обезбеди национална и безбедност на руските граѓани“.
Руското Министерство за змејоделство соопшти дека неодамна Русија одлучила да ја заостри контролата на прехранбените производи увезени од Турција поради кршење на санитарните норми.
Неименуван турски претставник за Ројтерс изјавил дека санкиите само „го продлабочуваат проблемот“.
Пред неколку дена, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека од 1 јануари следната година, се укинува безвизниот режим и за турските државјани се воведуваат визи. Денеска Анкара пак, ги повика своите државјани да не патуваат во Русија доколку тоа не е итно.




