Published: Monday, November 30, 2015 09:15
Полската премиерка Беата Шилдо изјави дека е против воведување квоти за мигранти, што е најавено како можна мерка од страна на ЕУ.
– Се противиме на одредување квоти, а овој мој став го делат и некои други лидери, изјавила Шилдо по самитот ЕУ- Турција во Брисел.
Како што рекла, главниот заклучок од Самитот е дека прашањето со мигрантите мора да се реши „надвор од границите на ЕУ“ со финансиска помош од Унијата.
Полска која не се наоѓа на тнр. мигрантска рута, претходно се согласи дека ќе прими околу 7.000 бегалци.




