Рускиот тајкун Борис Березовски, кој живееше во егзил во Велика Британија е пронајден мртов во неговиот дом. Се уште не се познати деталите околу смртта на милијардерот кој во Русија се бара со потерница, а кој важеше за жесток опонент на претседателот Владимир Путин.
РИА “Новости” објави дека 67-годишниот Березовски починал, повикувајќи се на написот на неговиот зет Егор Шуппе на страницата на “Фејсбук”.
Борис Бeрезовски емигрира од Русија во 2000 година. Моќниот брокер од Кремљ почнува да го намалува своето богатство под влијание на Путин.
Минатата година тој загуби 3 милијарди фунти во спор со сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович.