Со цел подобра работна позиција, „Нова Консалтинг“, преку своите докажани извршни директори и овластени ревизори организира обуки за креирање на идни кадри кои ќе стекнат знаења за даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување, а не само евидентирање на сметководствени настани.
Од Нова Консалтинг велат дека е многу значајна потребата од практична едукација и усовршување на финанските работници како услов за успешна интеграција во бизнис заедницата. Денес да се поседуваат пошироки знаења и вештини од една област не претставува само амбиција, туку и потреба која ја наметнува пазарот на труд.
„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да имаат подобро работно место во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Покрај тоа, оваа проблематика секако ги засега најмногу и оние кои се стремат кон даночните консултанти бидејќи на обуката добиваат практична примена на сите закони поврзани со оваа област. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ.
Досега од обуките, на пазарот се излезени 2.000 задоволни учесници, 20 годишно искуство во едукација на вработени во финансовиот сектор, современо опремени простории, тестови, проекти, прирачници, софтвер.
ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ВО СМЕТКОВОДСТВОТО И КОНТРОЛА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
Учесници на обуката може да бидат сите заинтересирани без разлика на возраста, стручната подготовка и работното искуство, што сакаaт да се стекнат со практични вештини во областа на сметководството, даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување.
Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или работа во банка.
Обуките почнуваат од 7.декември, ќе траат 18 дена, понеделник/среда од 17:00 до 19:45 часот.
Наставата е водена од докажани тренери, овластени ревизори и извршни директори кои своето 20 годишно искуство несебично го пренесуваат на сите оние кои имаат за цел својата визија да ја реализираат со знаење.
Редовната цена изнесува 18.000 денари, а за невработените 15.000 денари со можност на плаќање на три рати.
Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА, а за повеќе информации можете да исконтактирате на броевите (02) 3 22 00 54, 070 383 052, 078 383 053, 078 383 093.