Published: Monday, November 30, 2015 13:00
Во Париз денеска започна двонеделната глобална конференција на ОН за климатски промени на која присуствуваат околу 147 светски лидери, што е најголем собир на највисоко ниво досега одржан надвор од ОН.
Целта е да се постигне, како што се вели, историски долгорочен договор за намаување на емисијата на штетни гасови. Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, кој претседава со конференција, апелираше до лидерите да делуваа „брзо“ и да бидат подготвени на компромис.
Глобалниот самит започна со минута молк за жртвите на терористичките напади во Париз, Бејрут, Багдад, Тунис и Мали.




