Published: Monday, November 30, 2015 13:08
Турција нема да се извини за соборувањето на рускиот воен авион, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Одговарајќи на новинарско прашање во Брисел, тој рече, дека „заштитата на воздушниот простор и границата, не е само право, туку и должност на неговата Влада и дека ниту еден турски премиер, ниту претседател нема да се извини за извршување на таа своја должност“.
По средбата со генералниот секретар на НАТО, Давутоглу рече дека опасноста од слични вакви инциденти и натаму е присутна, се додека Русија и коалицијата на чело со САД одделно бомбардираат цели на Исламската држава во Сирија.
Тој исто така рече дека се надева дека Москва же ја преиспита одлуката за воведување санкции спрема Турција.




