Руското обвинителство, ги прогласи за непожелни во Русија, Фондацијата за отворено општество и Институтот отворено општество за помош, кои се дел од мрежата невладини организации, чиј основач е американскиот бизнисмен Џорџ Сорос.
Како што се наведува во сооопштението од Обвинителството, обете „претставуваат закана за безбедноста и уставниот поредок на Русија“.
Одлуката е донесена на иницијатива на Советот на федерацијата Русија, овие две организации да се внесат во тнр. патриотска „стоп листа“, која Горниот дом на Рускиот Парламент ја усвои во јули годинава.
На оваа „црна листа“ се наоѓаат уште 12 организации, меѓу кои седум се од САД, две од Полска и три од Украина – Фондацијата Сорос, Фонд Мекартур, Фридом Хаус, Светскиот конгрес на Украинците, Националниот фонд за демократија, Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт за меѓународни прашања, Фондот на Чарлс Стјуарт Мот и Фондот за образование.




