Кипар и тројката меѓународни кредитори вечерва постигнаа договор за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра, соопшти анонимен висок претставник на кипарските власти.
Депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ ќе бидат оданочени со 20 процентен данок, депозитите во останатите банки во земјата со 4 процентен данок, пренесува БТА.
Владата во Никозија се откажа од својот предлог да се национализираат приватните пензиски фондови, како дел од мерките за собирање на средства во замена за добивање на спасувачки пакет на ЕУ и ММФ. Германија исто така беше против таа идеја.
Предходно кипарскиот претседател Никос Анастасиадис изрази надеж дека наскоро ќе се постигне договор со Брисе, бидејќи земјата е пред реален банкрот.