Published: Wednesday, December 2, 2015 09:58
Засега никој не ја презеде одговорноста за вчерашната епсплозија на импровизирана бомба во метрото во Истанбул.
Освен паника, експлозијата не предизвика ниту жртви ниту поголема материјална штета.
Според претседателот на општината каде што се случи експлозијата, бомбата била поставена на надвозник во близина на метро – станицата Бајрампаша во европскиот дел на Истанбул, во време кога е најголемиот сообраќаен метеж.
Нивото на безбедност во Турциј е зголемено по нападите на двајцата бомбаши самоубијци на 10 октомври, во кои загинаа 103 луѓе.




